Грција испраќа брод и дополнителни полициски сили на островот Кос

Од:

Грчкиот државен министер Алексос Флабурарис изјави дека на островот Кос ќе биде испратен брод со капацитет за 2500 лица, кој ќе биде претворен во прифатен центар за стотиците имигранти, кои секој ден пристигнуваат на островот.

Бродот ќе биде вкотвен на главното пристаниште на островот, додаде тој.

Полициски извори изјавија дека на островот Кос ќе бидат испратени и дополнителни полициски сили за да помогнат во кризата со имигрантите.

Градоначалникот на островот Кос Јорос Кирицис изјави дека локалните власти, вклучувајќи ја полицијата и крајбрежната стража се неспособни да справат со приливот на имигранти.

– Ситуацијата на островот е надвор од контрола. Има реална опасост од неконтролирани ситуации. Ќе се пролее крв, истакна Кирицис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит