Русија го прошири списокот на земји кон кои воведува ембарго

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека потпишал указ за проширување на списокот со земји кон кои ќе биде воведено ембарго на храна, вклучувајќи ги Албанија, Црна Гора, Лихтештајн и Украина, која се наоѓа на листата под посебни услови.

Тој додаде дека забраната за увоз на земјоделски производи од Украина ќе стапи во сила само доколку Киев го примени економскиот дел од договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ.

– Приклучувањето на други земји кон санкциите против Москва значи дека тие биле подготвени на одговор од Русија со соодветни мерки, истакна Медведев на владина седница.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство