Турција ги демантира тврдењата дека во вчерашните напади на меѓународната коалиција врз позиции на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија учествувале авиони-ловци од базата Инџирлик, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
– Ниту авиони-ловци, ниту беспилотни летала, кои се наоѓаат во воената база Инџирлик, не учествуваа во вчерашните воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија, се наведува во соопштението.
Претходно медиумите објавија дека САД вчера ги извршиле првите воздушни напади врз цели на џихадиситчката група со авиони со екипаж од базата Инџирлик во Турција.
Коалицијата предводена од САД претходно извршуваше напади со беспилотни летала.
Турција минатиот месец се согласи да и ја отстапи базата Инџирлик на коалицијата предводена од САД за напади врз ИД.
Во јули Турција првпат почна воздушни напади против милитантите во Сирија.