Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорноста за денешниот бомбашки напад на пазар во багдадскиот кварт Садр сити, при што загинаа најмалку 76 луѓе, а 200 се повредени.
Во соопштението објавено на интернер, сунитската екстремистичка група наведува дека цел на нападот биле војската и борците на шиитската милиција.
Тоа е еден од најголемите напади во Багдад откако премиерот Хајдер ал-Абад ија презеде должноста пред една година.
Камион-ладилник полн со експлозив утрово е кренат во воздух на преполниот пазар во шиитскиот кварт Садр сити.