„Индепендент“: Грчката полиција држи 1.000 имигранти на стадион на Кос

Од:

Грчката полиција на фудбалски стадион на островот Кос повеќе од 24 часа држи затворени над илјада имигранти, од кои десетици доживеале напади на паника, објави лондонскиот весник „Индепендент“.

Весникот наведува дека околу 1.000 мажи, жени и деца, кои со бродови од Турција пристигнале на осторовот, се држат затворени на стадионот без храна и вода, додавајаќи дека состојбата алармантно се влошува.

Претставник на органзиацијата „Лекари без граници“ соопшти дека најмалку 28 од затворените имигранти на стадионот доживеале напади на паника, откако грчката полиција врз нив фрлила шок бомби со заслепувачки светлосни ефекти и заглушувачки експлозии.

– Околу 20 имигранти паднале во бесознание поради прегладентост, дехидрираност и премор, на темпертаура од 33 степени Целзиусови, тврди „Индепендент“.

Според весникот, стотина имигранти се обиделе да го прескокнат ѕидот на стадионот, при што еден од нив паднал и ја повредил ногата.

– Тоа што во моментов се случува претставува целосна диспрпорција меѓу определбата за безбедност на овие луѓе и недостигот на хуманитарна помош која им е неопходна. Има само два тоалети, нема вода… Состојбата е навистина драматична, изјави Вангелис Органудакис од организацијата „Лекари без граници“.

Организаицјата соопшти дека грчки полициајци претепале најмалку шестмина имигранти.

Пред да бидат затворени на стадионот, имигрантите со денови „кампуваа“ долж патиштата и на плажите на Кос, наведува „Индепендент“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит