Три лица се хоспитализирани, вклучувајќи и едно дете, по експлозијата на подводен нафтовод во југоисточниот дел на Москва, јави Фена.
Според информациите од теренот најпрво дошло до излевање на нафта во реката, а потоа и до голем пожар. Столб од црн чад неколку часа се издигнуваше стотици метри во вис.
До пожарот наводно дошло, откако околниот оган од запалена трева се проширил до излеаната нафта.
Граѓаните кои живеат во близина тврдат дека пред пожарот дошло до екплозија. Во пожарот никој не е повреден, но трите лица се хоспитализирани поради респираторни проблеми.