Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека не може стопроцентно да ја потврди егзекуцијата на хрватскиот државјанин Томислав Салопек, но како што рече од досега видените и утврдени факти, тоа за жал навистина се случило.
Милановиќ на вонредната прес-конференција рече дека Хрватска нема да престане, заедно со претставници на надлежните служби на другите држави, да трага по Салопек, се додека не се изгуби и последната надеж.
– Се плашам дека, иако не можам стропроцентно да потврдам, дека по првпат на хрватски државјанин му се случи она што за жал им се случуваше и на други граѓани, рече Милановиќ.
– Живееме во слободен свет во кој се случуваат непредвидени ситуации, додаде тој.
– Хрватска нема да учествува во борбени акции против т.н. Исламска држава, рече хрватскиот премиер и потврди дека уште денеска е направен обид да се потврди автентичноста на фотографиите од погубувањето.
Салопек на 22 јули во Египет го киднапираа радикални исламисти.