Калифорниската компанија Тесла Моторс за производство на електрични автомобили на секој продаден Модел С губи 4.000 долари.
Тесла Моторс, исто така, ги намали производствените цели за 2015 и 2016 година, а моментално компанијата работи на собирање дополнителен капитал.
Компанијата на Елон Маск моментално на пазарот нуди само еден автомобил, а тоа е Модел С. Тесла Моторс во вториот квартал на 2015 година испорачала 11,532 единици од луксузниот модел, додека во овој период компанијата остварила оперативна загуба од дури 47 милиони долари.
Тесла Моторс забрзано работи на неколку нови модели, како што е Модел Х, електрично СУВ возило што на пазарот се очекува идната година, како и Модел З, кој се очекува да биде претставен во 2017 година.