Триесетдневен притвор за тетовецот, осомничен за убиство на неговиот брат

Од:

Триесетдневен притвор му определи денеска судија од тетовскиот основен суд на Ј.И.(55) од Тетово, кој вчера самиот се пријави во полиција како сторител на убиство на неговиот брат А.И. (53).

Ова денеска го потврди портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Претходно СВР Тетово против Ј.И. поднел пријава како осомничен за сторено кривично дело „убиство“ до Јавното обвинителство по вчерашниот настан во заедничката куќа на двајцата браќа на улицата „Караорман“ во градот. При караница, што брзо излегла од контрола, Ј.И. со еден убод со нож во градите го усмртил својот две години помлад брат, по што самиот се пријавил во полициската станица во Тетово, рече Јосифоски.

При вчерашниот увид на местото, полицијата го пронашла и ножот со кој најверојатно било извршено убиството. По наредба на јавниот обвинител врз телото на починатиот била извршена и обдукција.

По денешната одлука за триесетдневен притвор, Ј.И. бил однесен во Истражниот затвор-Скопје во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он