Лабуристички пратеници бараат запирање на трката за избор на нов лидер

Од:

Група пратеници на британската Лабуристичка партија побараа запирање на изборната трка за нов партиски лидер, затоа што, според нив, пред гласањето во партијата „се инфилтрирале нелабуристички симпатизери и подржувачи“.

Пратениците тврдат дека овие луѓе сега и се придружуваат на партијата, само за да се обезбеди победа на левичарскиот кандидат Џереми Корбин.

Според партиските одредби, како гласачи при изборот на нов лидер може да учествуваат членови на Лабуристичката партија, нејзини регистрирани подржувачи и приружни симпатизери, вклучувајќи ги и оние кои им се приклучуваат на лабуристите преку синдикатите.

Пратениците кои бараат запирање на изборниот процес, сметаат дека меѓу овие новорегистрирани „подржувачи и симпатизери“ има голем број на лица кои не се и никогаш не биле лабуристи или гласачи на партијата, затоа што гласале или се симпатизери на други партии или групи.

Привремениот лидер на лабуристите Хариет Хармон претходно предупреди на опасноста од „нелегитмност“ од гласачи кои се „уфрлуваат“ во партијата за овие лидерски избори, но партиското раководство одбива да го запре изборниот процес.

Не се знае колкумина „лажни“ лабуристи има меѓу регистрираните гласачи, но партиски извори откриваат дека 1.200 лица кои барале да бидат запишани како подржувачи, симпатизери или како членови, биле одбиени затоа што се утврдило дека се гласачи на други партии.

Групата пратеници оценува дека најмалку една четвртина од новозпишаните, не треба да бидат прифатени како гласачи и да гласаат на изборите за нов лидер.

Левичарскиот кандидат и фаворитот на изборите Џереми Корбин, меѓутоа, не ги прифаќа ставовите на оние кои бараат запирање на изборниот процес. Неговиот став силно го подржува левичарскиот блок на партијата, кој заговара свртување в лево и враќањето на нејзините корени – како партија на работничката класа.

Последните испитувања на расположените во лабуристичкото гласачко тело покажува дека Корбин води убедливо со 30 отсто предност пред вторпласираниот противкандидат Енди Барнам.

Истакнати лабуристи, меѓу кои и Алистер Кемпбел, поранешен директор за комуникации на Тони Блер, предуредуваат на можноста за маргинализација на партијата на британската политичка сцена, доколку еден левичар, каков што е Корбин, стане нејзин лидер. За него се вели дека можеби може да ја раководи партијата, но дека не може да биде британски премиер.

Запишувањето на гласачите завршува денеска, а гласачките ливчиња ќе се делат од 15 август. Може да се гласа по пошта или преку интернет, а резултатите ќе бидат објавени на 12 септември.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца