ФОТО: Заев ги врачи наградите на најбрзите келнери и најдобрите пејачи со телесен инвалидитет

Од:

И во петтата вечер организаторот на „Струмица опен фест“ им приреди незаборавни доживувања на струмичани и го наполни големиот градски парк каде што се одржаа фестивалските содржини.

stropenNagradi (1)

На една од патеките во паркот се одржа шестата по ред трка на келнери во која учествуваа триесетина келнери од Струмица, Радовиш и Гевгелија.

stropenNagradi (2)

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, на најбрзите и највештите им ги врачи наградите. Ѓорги Христов од „Gosip Cafe“ ја освои првата награда во вредност од 12.000 денари, Томе Стоилов од „19-ка“ ја освои втората во вредност од 9.000 денари и Мите Станков од „PR cafe“ е добитник на третата награда, викенд за двајца во Банско.

stropenNagradi (4)

Градоначалникот Заев им ги врачи наградите и на најдобрите учесници на 21-от фестивал на лицата со телесен инвалидитет кој се одржа на сцената во дворот на домот на АРМ.

stropenNagradi (5)

Љубителите на филмската уметност во амфитеатарот уживаа во проекцијата на македонскиот филм „Деца на сонцето“.

stropenNagradi (7)

Вечерва на фестивалската програма се ликовната колонија во дворот на домот на АРМ, акустичната романтика покрај езерцето и Stand up comedy во амфитеатарот.

stropenNagradi (8) stropenNagradi (9) stropenNagradi (10) stropenNagradi (11) stropenNagradi (12) stropenNagradi (6)

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Осуденик излегувал од затвор за да краде и ограбува

Сообраќајка во центарот на Струмица, повредени се момче и малолетничка