ФОТО: „Наум Наумовски – Борче“ со нов лик

Од:

Општина Центар ја започна реконструкцијата на улицата „Наум Наумовски – Борче“, на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ленинова” („Аминта Трети“).

Naum Naumovski  Borche (2)

„Во првата фаза ќе биде реконструирана водоводот, во должина од 100 метри. Поради изградбата на нови згради на оваа улица, водоводот не можеше да го задоволи капацитетот, а за прв пат на дел од оваа улица ќе се постави и атмосферска канализација. Во втората фаза, општина Центар ќе уреди плоштад на крајот на улицата, кон „Партизански Одреди“, на површина од 400 м2, поплочен со павер-елементи и природен гранит.

Naum Naumovski  Borche (3)

Местото ќе биде разубавено со две големи жардињери со зеленило, нова урбана опрема, клупи, осветлување, а ќе има и површинско одводнување, како и ниско и високо зеленило. Ударните дупки, уништениот асфалт го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот, на што реагираа граѓаните, општината во третата фаза комплетно ќе ја асфалтира улицата, ќе ги нивелира шахтите и ќе уреди оштетените ивичници на улицата „Наум Наумовски – Борче“ и тоа на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до “Ленинова” („Аминта Трети“)“, соопштуваат од општина Центар.

Naum Naumovski  Borche (3)

Реализацијата на овој проект е дел од „Работното лето 2015“ на општина Центар.

Naum Naumovski  Borche (4) Naum Naumovski  Borche (5) Naum Naumovski  Borche (6) Naum Naumovski  Borche (7) Naum Naumovski  Borche (8)

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски