Со кражба на новински информации заработени 100 милиони долари на берза

Од:

Меѓународна мрежа на хакери и брокери со кражба остварила заработувачка од 100 милиони долари на берзите, користејќи се со упади во компјутери на новински агенции кои работат со бизнис вести, поради што е покренато обвинение против девет лица во САД, соопшти американското Министерство за правда.

Американските власти тврдат дека ова е најголемата „шема“ на кражба од ваков вид досега спроведена во САД против лица кои читале вести пред нивното објавување, а потоа користејќќи ги информациите тргувале на Волстрит.

Од 2010 година до мај оваа година хакерите имале пристап до над 150.000 информации, кои требало да ги објават сервисите за бизнис вести „Маркетвајерд“ од Торонто, „Пи-ар Њузвајер“ од Њујорк и „Бизнисвајер“ од Сан Франциско.

Обвинетите за трговија на берзите користеле околу 800 вакви вести пред тие да бидат објавени, некогаш дури и три дена пред да излезат во јавност.

Покренати се обвиненија против девет лица во САД и Украина, а Комисијата за хартии од вредност и берзите покренале постапка против уште 23 поединци и компании во САД, Русија, Украина, Франција, Малта и Кипар.

За најтешките точки од обвинението е предвидена казна затвор до 20 години.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак