Кери: Ако го отфрлиме договорот со Иран сојузниците ќе престанат да ни веруваат

Од:

Доколку САД го отфрлат нуклеарниот договор со Иран, што минатиот месец беше постигнат во Виена,  и побараат нивните сојузници да  се усогласат со американските санкции, доларот може многу скоро да престане да биде светска резервна валута, соопшти американскиот државен секретар Џон Кери, цитиран од британските медиуми.

-Ако се откажеме и го поништиме договорот, а потоа на сојузниците им кажеме да ги почитуваат нашите правила и санкции, тие едноставно нема да се согласат со нас и ќе тераат бизнис со Техеран. Тие ќе се откажат и од нашите санкции воведени против Русија заради Украина. Тоа исто така ќе ги поткопа позициите на доларот како светска резервна валута, предупреди Кери, зборувајќи на медиумски настан организиран од Ројтерс во Њујорк.

Кери се обиде да ги демантира тврдењата на републиканците дека можело да се постигне подобар договор.

Според него, спогодбата ја прави невозможна мисијата на Иран за развивање тајна програма за нуклеарно гориво, без САД тоа да го забележат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут