И покрај борбите на југоистокот од Турција, нема откажувања на летувањата

Од:

Претседателот на српската асоцијација на туристички агенции (ЈУТА) Александар Сеничиќ изјави дека и покрај жестоките воени судири на југоистокот од Турција, туристите од регионот не ги откажуваат летувањата во оваа земја.

– Досега нема откажани аранжмани за одмор во Турција, а и натаму е голем интересот во туристичките агенции за турските летувалишта, рече Сеничиќ за српските медиуми.

Во Турција во последните неколку недели е забележено зголемување на бројот на судири меѓу безбедносните сили и курдските бунтовници, а по обновувањето на борбите убиени се најмалку 48 лица.

Туристите од Балканот и оваа сезона најмногу летуваат во Грција, додека Турција е втората најбарана летна дестинација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ