Потешкотии со здравјето на бубрезите можат да го зголемат ризикот од мозочен удар и деменција, објави „Journal of the American Society of Nephrology“.
Холандски научници од Универзитетскиот медицински центар Еразмус пишуваат дека нивните наоди покажуваат дека зачувувањето на функцијата на бубрезите придонесува за здравјето на мозокот.
Според податоците собрани од 2.600 испитаници, потешкотиите со здравјето на бубрезите се поврзани и со намалување на дотокот на крв кон мозокот.
Истражувачите додаваат дека воочените проблеми со здравјето на мозокот биле почести и кај лица кои страдаат од поблаги нарушувања со функцијата на бубрезите.