Грција и Русија ја потврдија целисходноста од изградбата на Турски тек

Од:

Грција и Русија ја потврдија целисходноста од изградбата на нов гасовод на грчка територија, наменет за пренос на руски гас до европските корисници. Тоа е потврдено во денешниот телефонски разговор на министрите за енергетика на двете земји Александар Новак и Панос Скурлетис, се наведува во соопштение на руското министерство за енергетика, пренесува ТАСС.

Министрите разговарале за исполнување на потпишаниот за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург меморандум за соработка за изградба и експлоатација на гасоводот на територија на Грција, како и планот за реализирање на проектот за изградба на гасовод на грчка територија од Турција до границата со Македонија.

Новак и Скурлетис, исто така, постигнале согласност интензивниот дијалог да продолжи, вклучително во форма на специјално формирана руско-грчка работна група за енергетски прашања.

Поморскиот дел од Турски тек ќе се состои од три линии, секоја со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас. Гасоводот ќе минува долж 660 километри од стариот коридор на Јужен тек и 250 километри од новиот коридор кон европскиот дел на Турција.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни