Тетовец го убил брат му со нож

Од:

Во Полициската станица во Тетово попладнево по 13 часот Ј.И.(55)  од Тетово самиот се пријавил  дека му нанел смртоносни повреди на неговиот помлад брат А.И. со нож во градниот кош, по што тој починал, информираше Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Десетина минути пред да се пријави во полиција, телото на починатиот било донесено во Клиничка болница во Тетово. Според првичното кажување на осомничениот, меѓу него и неговиот две години помлад брат започнала караница во нивниот семеен дом, на улицата „Караорман“ во Тетово, по што повозрасниот со нож му нанел смртоносни повреди на својот брат.

Тој се пријавил во полиција каде е задржан и во моментот се разговара со него, додека јавен обвинител и лекар по судска медицина треба да извршат увид на местото.

Од полицијата  информираа дека е пронајден и ножот за кој се претпоставува дека бил употребен во настанот.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираше Обвинителството во Тетово.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски