Расизмот е дел од американската ДНК

Од:

Дојче веле – Берлин

Една година по расните судири во Фергусон многу работи се променија, но расната нетрпеливост остана голем проблем во САД. Таа е всадена во ДНК-та на државата, смета Геро Шлиез.

Од пред една година расните судири во САД имаат едно име: Фергусон. Младата жртва на полициското насилство Мајкл Браун и неочекуваните жестоки нереди го потресоа не само малиот работнички град во Мисури, туку и цела држава. Фергусон ја промени Америка. Вистина е дека и порано белите полицајци убиваа црни тинејџери. И порано расните судири беа отворени, болни рани за кои лек нема на повидок.

Но, сликите од судирот кои личат на граѓанска војна, полицајци во воена опрема и докази за расизам во редовите на градската полиција, многу ги вознемирија граѓаните. Изразот на државната сила наеднаш доби заканувачки призвук.

Порано Американците во судирите меѓу полицијата и Афроамериканците инстиктивно беа на страна на државата, но таа доверба исчезна.

Расизмот и полициското насилство

Расните судири сега се поврзани со полициската бруталност. Таа поврзаност во текот на годината во Кливленд, Норт Чарлстон и Балтимор доведе до нови жртви. Тоа што сега речиси половина од 50 американски сојузни држави сакаат да воведат камери на полициските униформи, дополнителни тренинзи за полицајците и независна истражна комисија, дава надежи дека почнал процесот на учење.

Оваа година се промени и самиот град Фергусон. Резултатите на првите избори за новата градска власт по нередите во Фергусон зборуваат за себе: одзивот на гласачите двојно се зголеми, а бројот на црномурестите пратеници во градското собрание е три пати поголем од претходно.

Фергусон доби и нов шеф на полицијата, нов градоначалник и нов судија, сите Афроамериканци, кои така сега го претставуваат црното мнозинско градско население. Уште една добра вест: градската власт многу ја намали претераната ревност во изрекување на казни на граѓаните за разни ситни прекршоци како што е на пример, погрешно паркирање…

Ни, и покрај тоа, Фергусон остана поделен град. Недовербата меѓу белците и црнците по нередите се продлабочи. Полицајците го променија однесувањето, но црнечкото мнозинство никако не ги прифаќа.

Од зборови на дело

Фергусон не ја промени само земјата, туку и нејзиниот прв црн претседател. Се додека не навлезе во втора половина од неговиот втор мандат, Барак Обама се колебаше кај расните судири да застане на страната на црната заедница.

По Фергусон стана појасен; зазема став и отворено ја критикуваше полицијата и правосудниот систем поради тоа што црнците и Латиноамериканците ги третираат поинаку од белците. Неговото помилување на млади затвореници казнети поради криминал со дрога, поврзано со предлозите за реформите на судството, покажува дека тој не сака да остане само на прикладна реторика.

Расните судири постојат во САД од основањето на Америка. Тие се длабоко всадени во нејзината ДНК. Ако сака да продре во нивната срж, државата мора да стане искрена кон сама себе. Тоа ќе остане голема задача за претседателот кој на залезсот на својот мандат станува се посилен.

Многу негови поддржувачи се надеваат дека тој наскоро ќе одржи еден голем говор за расните судири. Говор кој нема преку ноќ да ги реши проблемите, но кој би можел да ја промени Америка и светот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак