Големи шумски пожари во Сибир

Од:

Повеќе од пет илјади припадници на руските единици за вонредни сосотјни се обидуваат да ги спречат пожарите, кои ги зафатија шумите во Сибир, соопштија денеска властите.

Во пламен се повеќе од 1.250 квадратни километри шуми во најмалку шест региони во источниот дел на Сибир, соопшти руката Федерална служба за шумарство.

Во републиката Бурјатија, која се граничи со Монголија, како и на источниот брег на Бајкалското Езеро 60 пожари зафатија 717 квадратни километри земјиште, додаде службата.

Според надлежните власти, пожарите во Сибир се уште не зафатиле населените места. Шумските пожари летно време се почести во Русија поради палењето на сува трева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Сибир -50 степени, Москва беше затрупана од рекорден снег за овој период од годината

Во најстудениот град во светот е минус 50 степени

Во село во Јакутија температурата се спуштила до минус 61 Целзиусов степен

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во рафинерија во Сибир, двајца загинати

Најмалку 10 загинати во пожарите во Сибир – ги шири силниот ветар

Ана Ололовска

Разорни пожари во Сибир, има загинати

Ана Ололовска