Пет начини да го научите вашето нервозно дете да се смири

Од:

Кога вашето дете е налутено, природно е да очекувате различни ситуации, кои воопшто не се пријатни. Научете како неговите негативни реакции да ги претворите во позитивни.

1. Бројте во себе за да се смирите

Многу е важно да немате брза реакција. Вашето дете не треба да забележи дека премногу се нервирате заради него или уште полошо, дека ја губите контролата. Застанете и вдишите длабоко. Многу е подобро со мирен тон да разговарате со своето дете.

2. Побарајте прегратка

Доколку вашето дете се налути, променете го пристапот. Кажете му дека тоа е се нормално и побарајте да ве прегрне. Можеби ова ќе ви биде непозната реакција на почетокот, но обидете се да видите како овој пристап ќе влијае врз вашето дете. Прегратката ќе го смири и ќе го направи да мисли дека нема зошто да се лути.

3. Мирни активности

Многу е важно правилно да изреагирате во одредени ситуации. Кога вашето дете ќе почне да вика, фрла работи по куќата или да плаче, обидете се да му свртете внимание на некоја мирна активности како читање книги, цртање, сложување сложувалки.

4. Пеејте заедно

Кога вашето дете е нервозно и луто, охрабрете го да пее некои омилени песни или да свири. Додека пее, мали се шансите да биде вознемирено и да плаче.

5. Научете го да разговара со вас

Поттикнтете го вашето дете да разговара со вас кога има некој проблем. Важно е детето да стекне навика да им се обраќа на своите родители кога за нешто е загрижено, кога е луто, среќно итн. Вербализирање на емоциите е здраво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска