МТВ, Македонски шуми, овчарот Иснифарис и Бојку Леку – должници кон УЈП

Од:

283 милиони евра е долгот на фирми и граѓани за овој месец кон Управата за јавни приходи. Долгот е за три милиони евра поголем од тој што УЈП го објави за минатиот месец.

Редовни должници се јавните претпријатија „Македонија-пат“, „Македонски шуми“ и „Македонска радио-телевизија“, но и фирмите „Ел дон Kастило“, „Ел аѕтека“ и „Мотор коач индустрија“.

Како должници се јавуваат и познатиот овчар Иснифарис Џемаили и контроверзниот бизнисмен од Велешта, Дилавер Бојку Леку.

Од вкупниот број должници 3.700 се фирми и компании, а илјада се физички лица.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа