Книга со ликовни критики од Христо Петрески

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје  ја објави книгата „Ликовната уметност е она што (не) се гледа“ од проф.д-р Христо Петрески. Станува збор за ликовни критики, осврти и рецензии посветени на најрепрезентативното светско ликовно творештво, но и на современата македонската ликовна уметност денес.

– Книгата има два дела: Светско пано и Македонско пано. Во првиот дел се застапени прилози за: Марина Абрамовиќ, Леонардо да Винчи, Салвадор Дали, Енди Ворхол, Кристо и други, но и за мултимедијалните уметности, уличната уметност, поп-артот, апстрактната уметност, енформелот, илустрирањето (визуелизацијата) и повеќе други ликовни области и теми. Во вториот дел се публикувани текстови за: Данчо Ордев, Владимир Темков, Димитар Малиданов, Ангел Димовски, Тони Чатлески, Жарко Башески, Наташа Милованчев, Росица Лазеска, Павле Кузманоски, Ибрахим Беди, Маја Кировска, Мице Јанкуловски, Владимир Величковски…, соопшти „Феникс“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска