Австралија се согласи да ги намали емисиите на јаглерод диоксид во воздухот за најмалку 26 проценти до 2030 година, соопшти денеска австралискиот премиер Тони Абот.
– Владата на Австралија е цврсто решена да постигне баланс меѓу еколошките и економските цели, нагласи Абот.
Според него, определбата на Австралија за намалување на емисиите на јаглерод диоксид претставува „добра солидна цел, која е одговрна и од економска и од еколошка гледна точка“.