„СДСМ, како и досега, се обидува со манипулации да фрли сенка на капиталните проекти на Владата на Република Македонија.
Изградбата на нова клиничка болница во Штип е еден од најголемите инфраструктурни проекти во македонското здравство, односно проект каков што СДСМ не можеле ниту да замислат, а не пак да реализираат.
На прашањето колку пати ВМРО-ДПМНЕ ја гради клиничката болница во Штип, одговорот е јасен: Ја градиме ЕДНАШ.
Оваа Влада ја гради штипската клиничка болница еднаш, за разлика од Вас што НИЕДНАШ не изградивте ниту нов објект за болница во Штип, ниту нов здравствен објект во било кој дел од државата.
На проектот за нова клиничка болница Штип работевме неколку години макотрпно, со максимална посветеност и со единствена цел – жителите од целиот регион на Источна Македонија да добијат најсовремен медицински центар според врвните европски и светски стандарди.
Бенефитот од реализираните проекти на оваа Влада го чувствуваат сите граѓани низ државата. Но, Вам тоа Ви е непознато, бидејќи константно се водите само и исклучиво од сопствени интереси.
Затоа, тука се наметнува прашањето: Дали кога СДСМ ја напушти власта остави зад себе нешто за здравството во Штип? – Одговорот е јасен: НЕ.
Дали СДСМ остави апарат за компјутерска томографија во Штип? – Не.
Дали СДСМ остави апарат за магнетна резонанца во Штип? – Не.
Дали СДСМ остави ангиограф за штипската болница? – Не.
Дали СДСМ го развиваше Штип како регионален центар за интервентна кардиологија? – Не.
Дали СДСМ испрати доктори од штипската болница на едукација во странство и воведе нови методи на работа во болницата? – Не.
Ова се само дел од инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во штипската болница.
Ќе ја изградиме и новата болница, за која веќе е објавен тендерот во официјалното гласило на Европската унија (http://ted.europa.eu/udl?uri=
Зад нас оставаме реализирани проекти, а зад Вас останува само зборување, зборување, зборување“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.