Германскиот државен обвнител ја запре истрагата против двајца новинари од интернет сраницата „Нецполитик“, обвинети за одавање државни тајни.
Случајот предизвика бранување во германската јавност и расправија во домашната политика, откако се разви силна полемика меѓу приврзениците за слободата на говорот ина оние кии ја бранат заштитата на државните интереси.
Расправата кулминираше минатата недела, кога министерот за правда, Хеико Мас го смени од функцијата обвинителот во случајот со двајцата новинари, затоа што тој инсистирал на нивната вина.
Државниот обвинител одлучи да ја прекине истрагата против двајцата новинари, прифаќајќи ја позицијата на министерот за правда дека во случајот „Нецполитик“- немало издавање државни тајни.
Германските медиуми, сепак, тврдат дека интерната истрага против неименуван државен службеник, продолжува да трае, обвинена со целосна тајност. Овој вработен во јавната администрација, е обвинет за оддавањето доверливи државни документи.
Целиот случај избувна во февруари оваа година, кога „Нецполитик“ откри дека германското контраразузнавање побарало од владата, дополнителни средства за „зголемено прислушување и надгледување“ на интернет мрежата во земјата.
Два месеци подоцна, истата интернет страница објави дека германската тајна служба планира создавање на специјална единица за надгледување на интерент мрежата.
Набргу потоа, основачот на „Нецполитик“ Маркус Бекедал и блогерот Андре Мајстер, беа обвинети за „предавдство“.
Истражувањето во Германија покажува дека поголемиот дел од домашната јавност го поддржува пишувањето на интернет страницата.