Децата кои цицале прст или користеле цуцла лажалка подолго од три години три пати повеќе се изложени на ризик од развој на говорни мани во однос на нивните врсници, кои не го правеле тоа.
Цицањето на палецот и користењето на цуцлата во најраното детство влијаат на појавата на говорни мани, тврдат чилеанските научници врз основа на спроведеното истражување.
Пред почетокот на истражувањето, со кое се опфатени 128 деца од три до пет години, експертите од родителите барале информации за навиките на нивните деца. Потоа го анализирале развојот на нивиот говор и откриле дека децата, кои до деветтиот месец не се ранети со шише имаат помала веројатнот за развој на говорни мани.
Истовремено децата кои цицале прст или користеле цуцла лажалка подолго од три години се три пати повеќе изложени на ризик од говорна мана во однос на нивните врсници, кои ги немале тие навики, изјави Кларита Барбоса, раководител на истражувањето.