Заврши Меѓународната ликовна колонија „Ристо Соколов Сокол 2015“

Од:

Во хотелот „Фени“ во Кавадарци синоќа заврши 10-то издание на Меѓународната ликовна колонија, која од оваа година е насловена по еден од најдобрите кавадаречки и македонски ликовни уметници, Ристо Соколов Сокол.

На колонијата твореа 15 ликовни уметници од Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија. Насликани се квалитетни дела во повеке техники.

– Ристо Соколов-Сокол остави силен печат во уметничкото творење за време на неговиот живот и творечкиот опус, создаде доволно дела за да го паметат генерациите кои живееја со него и останатите кои ќе ги видат неговите слики, рече ликовниот уметник Кирил Казанџиски.

Ликовниот уметник Новица Трајковски на затворањето на колонијата, му се заблагодари на организаторот, кој традиционално како што нагласи, е одличен домаќин.

– Ристо Соколов во македонската ликовна јавност ќе остане запишан за сите времиња. Се додека постојат сеќавањата за некого тој е жив па така и нашиот Сокол живее, нагласи координаторот Трајковски.

На затворањето на колонијата и одржувањето на изложбата на делата создадени на неа, присутните го погледнаа и документарниот филм на Тони Коцев посветен на подготовката и одржувањето на последната изложба на Ристо Соколов-Сокол, во декември минатата година.

За време на досегашното одржување на колонијата, учесници беа познати уметници од целиот Балкан, но и од повеќе европски земји. Над 110 ликовни уметници твореа на колонијата, оставајќи зад себе над 250 ликовни дела кои се трајно поставени низ сите простории на хотелот.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска