Кривична пријава против 43 лица за бесправна сеча на дрва

Од:

Во рамки на оперативната акција „Гора“, МВР до надлежното Јавно Обвинителство поднесе нова кривична пријава против 43 лица од Скопје и скопско поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластувања“ како и “фалсификување службена исрпава“, односно “фалсификување или уништување деловни книги“.

Како што соопшти МВР, првопријавениот Т.А. (66) од Скопје во својство на службено лице лиценцирано за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост и во својство на сопственик и управител на Друштво за трговија и услуги ФОРЕСТ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, во текот на мај, јуни, јули и октомври 2014 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност, така што спротивно на одредбите од Законот за шуми при постапување по Барањa за издавање на одобрениja за сеча поднесени од остантите кривично-пријавени лица за катастарски парцели во катастарските општини Танушевци, Брест, Палиград, Алдинци, Патишка Река, Црн Врв, Црвена Вода, Моране, Огњанци и Пчиња, иако бил должен – не излегол на лице место во шума и не извршил означување на стебла за сеча.

Би можело да ве интересира

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Моторџии возеле без кацига и без дозвола, за еден ден казнети 185 возачи на мотори

А1он

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Анита Петровска Рајковиќ

Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција

Пејачот Амар Османи е жртвата во пукањето на „Пластичарска“

Катерина Ѓуровски