Приведен скопјанец по кој се трага од лани

Од:

Ќамил Ј. (1961) од Скопје кој осум месеци се бара за издржување казна затвор, вчера попладне е приведен на граничниот премин „Табановце“, соопшти полицијата.

При пасошка контрола за излез од Македонија е констатирано дека Ќамил Ј. е на СТОП листата и дека по него се трага од 24 декември 2014 година, а треба да издржува казна затвор во траење од еден месец и 10 дена.

По приведувањето во 14:20 часот, Ќамил Ј. е предаден на Полициската станица при СВР – Куманово за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он