Интензивни преговори меѓу Грција и кредиторите

Од:

За денеска и утре во Брисел се предвидени интензивни преговори меѓу претставници на Грција и меѓународните кредитори за главните спорни прашања, со цел да се постигне договор за исплата на новата транша помош пред 20 август, кога доспева рата од кредитот во износ од 3,4 милиони што Атина треба да и ја врати на Европската централна банка (ЕЦБ).

Според европски дипломатски извори, во пресрет на новата рунда преговори, синоќа се одржала телеконференција меѓу претставници на кредиторите и експерти од 19-те земји-членки на еврозоната, со цел да се усогласат ставовите.

Европската комсиија, ЕЦБ, Меѓународнмиот монетарен фонд (ММФ) и Еверопскиот механизам за финансиска стабилност од минатата недела преговараат со Грција за новиот, трет, пакет помош за Атина во износ од 82 милијарди евра, чија исплата зависи од спроведувањето на рефомите и мерките за штедење од грчка страна.

Според извори од Брисел, претстваниците на кредиторите се задоволни од „многу добрата соработка“ на грчките власти во досегашните преговори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит