Тајван се подготвува за моќната бура која стигнува преку Пацификот и која претходно неделава беше прогласена за најсилната оваа година, јавува Си-Ен-Ен.
Тајфунот Сауделорд би требало утре да стигне до тајванскиот брег, носејќи со себе силен ветер и поројни дождови.
Бурата до сега изгуби малку од својата сила, но и натаму се очекува јачина еквивалентна на категорија три меѓу ураганите. Властите во Тајван се подготвуваат на најлошото а денеска се затвораат училиштата и канцеларијата, пренесува Хина.
За некои делови од земјата се очекува дека ефектите од тајфунот ќе се почуствуваат уште денеска, а метереолошкиот центар предупреди дека во 16 градови се можни силни ветрови и интензивен дожд.