Македонските одбојкари гостуваат кај Полска во Европската лига

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација денеска и утре гостува кај Полска во последните два дуела од групата А од Европската лига.

На гостувањето кај светскиот првак нашите одбојкари заминаа со оптимизам дека можат да стигнат до две победи. Особено што Полска која како домаќин има обезбедено пласман на завршниот турнир, независно од пласманот во групата. Покрај Полска пласман има обезбедено и Естонија.

Пред заминувањето за Полска селекторот Жарко Ристоски изјави:

– За да дојдеме до завршницата треба прво ние „нашата работа“ да ја завршиме со две победи над Полска, а потоа да „чекаме“ Словенија да ја победи Грција во двата дуела. Добрите игри против Австрија покажаа дека нашата форма е во нагорна линија. Во составот има и една промена во однос на последните дуели со Австрија. Поради повреда на последниот тренинг во Скопје остана Ристо Клопчевски. Повикан во репрезентацијата е Зоран Ѓорѓевски, кој пред вториот натпревар со Австрија и се повлече од настапите во репрезентацијата, но во ваква ситуација мораше да помогне на соиграчите.

Почетокот на натпреварот Полска – Македонија е во 17 часот. Во истиот термин во сабота се игра и вториот дуел меѓу Полска и Македонија. Од нашата група денеска играат: Естонија – Израел, додека утре е дуелот Данска – Австрија.

Табела А група: Естонија 8-0 (победи-порази), Полска 6-2, Македонија 5-3, Австрија 2-6, Данска 2-6 и Израел 1-7.

Натпреварите од Б групата се играат во сабота: Словенија – Грција, Белорусија – Турција и Хрватска – Романија.

Табела Б група: Словенија 8-0, Грција 7-1, Турција 4-4, Белорусија 2-6, Романија 2-6, Хрватска 1-7.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ