Состанок на грчката Влада за зголемениот прилив имигранти

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе претседава со владин состанок на кој ќе се разговара за начините за справување со зголемениот прилив на бегалци во земјата, јави дописникот на МИА од Атина.

Средбата ќе се одржи во канцеларијата на заменик-министерот за миграциска политика Тасиа Христодулопулу, а ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи Никос Вуцис, за надворешни работи Никос Коѕиас, државниот министер за координирање Алекос Фламбурарис, заменик-министерот за цивилна заштита Јанис Панусис, заменик-министерот за одбрана Димитрис Вицас и владиниот портпарол Олга Геровасили.

Ципрас вчера телефонски разговараше со европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, кој го повика грчкиот премиер веднаш да назначи орган кој ќе биде одговорен за собирање на финансиска помош од ЕУ за справување со имиграцијата.

Итните фондови на ЕУ се наменети за обезбедување на услуги за азил, за управување со миграциските текови и центри за засолнување, обезбедуваат цивилна заштита и многу повеќе, нагласил Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит