Изложба на дела од Вељо Ташовски во Велес

Од:

Во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“  синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела од сликарот Вељо Ташовски.

Изложбата претставува пресек на целокупното творештво на авторот од периоди во неговото создавање, односно 30-ина слики во комбинирана техника.

Според Мирјана Талеска, кустос од Националната галерија на Македонија, Ташовски својот карактеристичен ликовен израз го изградил постапно, низ постепено надополнување на сопствената и традиционална културна матрица, испреплетувајќи ги личните, локалните, но и општочовечките димензии на толкување на животните вистини…

Изложбата ја организираше Народниот музеј од Велес во соработка со Националната гачерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, а е дел од проектот „Кич, да!? сте или не?“ поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска