Група италијански инвеститори излегоа со план за спас на Ф1 трката за „Големата награда на Италија“ која се вози во градот Монца уште од 1950 година.
Трката се најде во опасност од згаснување бидејќи заради недостиг на инвестиции немаше договор за продолжување на трките во Формула 1 по 2015 година.
Според планот, групата инвеститори ќе потпишат нов договор непосредно пред одржувањето на годинешната трка во септември, а заради важноста на трката истите ќе добијат даночни олеснувања од италијанската Влада.
Трката во Монца важи за најбрза во Ф1 и претставува еден вид симбол на автомобилскиот спорт. Формула 1 веќе загуби една трка во Европа, поточно во Германија.