Неготино утре без вода од 9 до 15 часот

Од:

Поради отстранување на дефект, без вода за пиење утре од 9 до 15 часот ќе бидат жителите на Неготино.

Како што информираат од јавното претпријатие „Комуналец”, станува збор за отстранување на дефект на главниот доводен цевковод кој е лоциран на територијата на општина Кавадарци и токму затоа во текот на утрешниот ден стручни екипи на комуналното претпријатие ќе бидат присутни на терен и ангажирани на отстранување на дефектот.

– Заради непречено изведување на работите ќе мора да се запре водата која доаѓа од регионалниот водовод „Лукар” до домовите на неготинци, велат од претпријатието.

Од „Комуналец” апелираат до граѓаните за разбирање и ги информираат дека веднаш по завршувањето на активностите на терен, водата ќе протече во главниот водоснабдителен систем на Неготино.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он