Што вреди повеќе во Македонија – живот или тркало?

Од:

Колку вреди човечкиот живот во Македонија? Се фрлаат милионски суми за луксузни барокни згради, милионски споменици и панорамски тркала, а за стотина пати помали суми кои се потребни за спас на многу животи, се одолговлекуваат процедурите, се бара огромна документација и уште многу други бирократски пречки, од кои најголемата се парите што државата е должна да им ги даде на луѓето кои бараат помош.

Дали палмите се повредни од човечкиот живот? Дали откажувањето на власта од едно панорамско тркало што чини 18 милиони евра може да им даде надеж и спас на сите кои молат за помош.

11846454_10206083590781568_1909416760_n

По трагичната смрт на Тамара од Велес, се чинеше дека државата ќе биде поангажирана ако ништо друго да им даде шанса на сите болни на кои им се потребни пари за лекување во странство, но тоа не се случи.

Освен што згасна уште еден млад живот, со месеци наназад како што може да се види на страницата донации.мк, истите луѓе не успеваат да ја соберат потребната сума за лекување, а државата не реагира.

donaciisajt

Еден од нив беше и битолчанецот Пеце Роговски, кој успеа сам со добрината на други луѓе да ги собере потребните пари – но беше премногу доцна. Што е функцијата на оваа држава-да се грижи за граѓаните и нивните потреби или пак за мегаломанските проекти за кои се смее целиот свет?

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски