Над 5.000 нови имиња додадени за една година во списоците со жртви од атомската бомба над Хирошима

Од:

Во изминатата година на списоците со жртви од атомската бомба фрлена врз Хирошима на 6 август 1945 година, се додадени имињата на уште 5.359 жртви. На денешната церемонија за спомен на жртвите во Паркот на мирот, две нови книги – дополнение кон списоците, беа положени на споменикот на загинатите.

Некои од новите имиња се на луѓе, кои починале од последиците на бомбардирањето, други – на загинати за време на самиот удар, чија смрт досега не била потврдена. Со тоа бројот на жртви достигна 297.684 лица, регистрирани во 109 книги.

Повеќето од преживеаните починале како последица на болести од радијација. Тогаш се знаело многу малку за можностите да бидат лекувани последиците од радијација, а исто така и оти водата и почвата остануваат заразени долго време.

Настраданите тогаш во Хирошима и Нагасаки се уште страдаат од заболувања, причинети од радијацијата. Според официјални податоци на владата во Токио, денес тие се 183.519 лица.

За време на церемонијата, градоначалникот на Хирошима Каѕуми Мацуи, премиерот на земјата Шинѕо Абе и други претставници положија венци од бели и жолти хризантеми пред меморијалот во центарот на Паркот на мирот.

Градоначалникот на Хирошима ја повика меѓународната заедница да се откаже целосно од нуклеарното оружје.

– Никогаш не се знае кој ќе стане негова жртва, предупреди тој.

Би можело да ве интересира

78 години од атомскиот напад на Хирошима

Преживеан од бомбардирањето на Хирошима почина на 96 години

Ана Ололовска

Јапонија ја одбележува 71. годишнина од експлозијата на атомската бомба во Хирошима

Емир Латифовиќ

Нагасаки одбележува 70 години од експлозијата на атомската бомба

Емир Латифовиќ

Цветна патека на мирот

Емир Латифовиќ

Во Русија првпат објавен руски извештај за бомбардирањата на Хирошима и Нагасаки

Ана Ололовска