Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство, ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена сметано од 06.08.2015 година до 05.09.2015 година, за возачот со иницијали Б.Б. кој на 7-јули кај Трговскиот центар „Зебра“ ја прегази и усмрти новинарката Сузана Тодоровска – Павловска.
Според судот се уште постојат основите за определување на притворот, околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе го повтори кривичното дело.
Од таму информираат дека Основното јавно обвинителство до Основен суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден достави обвинителен акт за сообраќајната незгода.
Обвинителниот акт е поднесен против лицето Б.Б. за кривичното дело „Тешки дела против имотот и безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Обвинителниот акт е распределен на совет за оценка.