Издадени уште 768 потврди на мигранти за намера за барање азил

Од:

На уште 786 мигранти им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во изминатото деноноќие. Такви потврди досега се издадени на вкупно 27.233 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од новоиздадените потврди 480 се за лица од машки пол, 118 женски, 174 за деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 14 за деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 20.738, потоа Авганистан 1.945, Ирак 1.440, Пакистан 928, Сомалија 526, Палестина 435, Конго 285, Камерун 133, Еритреја 129, Нигерија 100, Етиопија 99, додека останатите се во помал број.

До Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Екипите на Црвен крст до вчера 16:30 часот укажале прва помош на 114 лица, од кои имало 41 интервенција во Табановце и 73 во Гевгелија. Девет трудници побарале асистенција од мобилните тимови. Екипите дистрибуирале 524 шишиња вода, 36 пакети со храна, по 36 хигиенски пакети за жени, за мажи и за сампомош, како и шест пакети за бебиња.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он