Отворен меѓународниот фестивал „Езерски бисери 2015“

Од:

Со концерт на младите уметници од Франција, Русија, Полска, Белорусија, Израел, Малта и Македонија синоќа на летната сцена кај хотелот „Бисер“ во Струга беше отворен меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери 2015.“

Според програмата, вечер ќе се одржи концерт на Славјански песни и танци, а утре е Вечерта на француската култура. Натпреварувачите ќе учествуваат во две фестивалски програми – класика, што ќе се одржи на 8 август и естрада, кореографија, фолклор, предвидена за 10 август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Наградата Гран при на победникот ќе му донесе парична награда, статуетка и оригинални охридски бисери.

На 11 август ќе се одржи доделувањето на наградите, а потоа од 21 часот гала концертот на „Езерски бисери 2015“ на кој ќе настапат најдобрите учесници.

Странските учесници на фестивалот ќе имаат можност да запознаат дел од убавините на Македонија. Тие денеска се во посета на Вевчани, а ќе ги посетат и Охрид и Струга.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска