Грција итно да назначи орган за собирање пари од ЕУ за справување со миграција

Од:

Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас веднаш да назначи орган кој ќе биде одговорен за собирање на финансиска помош од ЕУ за справување со имиграцијата, јави дописникот на МИА од Атина.

Итните фондови на ЕУ се наменети за обезбедување на услуги за азил, за управување со миграциските текови и центри за засолнување, обезбедуваат цивилна заштита и многу повеќе, нагласил Аврамопулос во телефонски разговор со Ципрас.

Грчката крајбрежна стража вчера соопшти дека спасила 553 илегални имигранти во последните 24 часа во 16 операции во близина на островите во источниот дел на Егејското Море. Грчките власти соопштија дека повеќето операции за спасување и откривање илегални имигранти биле спроведени во близина на островите Лесвос, Хиос, Самос, Фармакониси и Кос.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит