Писателот и сликар Христо Петрески од денеска до 10 август ќе биде учесник на Меѓународна ликовна колонија во Врањска Бања (Србија).
На Меѓународната ликовна колонија со посебен книжевен портрет Петрески ќе биде претставен и како писател со промоција на неговото најново книжевно творештво.
Петрески досега има излагано свои слики на платно на 12 самостојни ликовни изложби во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Радовиш, Неготино, Демир Капија, Ресен и други градови.