Јапонскиот премир Шинзо Абе побара од САД покренување истрага по повод тврдењата на Викиликс дека Вашингтон шпионирал јапонски политичари.
– Премиерот Абе му пренесе на потпретседателот на САД Џо Бајден дека доколку се утврди дека Јапонија била предмет на такви активности, тоа ќе може да ги загрози врските за доверба меѓу сојузниците, изјави портпаролот на премиерот на конференција за новинари.
Абе побарал „случајот да биде под истрага, а Вашингтон да даде објаснување“, додаде портпаролот. Бајден во разговорот му се извинил поради „предизвикани непријатности“ без потврда за шпионирањето.