САД бара силна Европа

Од:

„Силна Европа и повторно делотворна во најголема можна мера“ им е потребна на САД за да можат заедно во целост да заздрават од економското забавување, изјави синоќа во Стокхолм американската државна секретрака Хилари Клинтон.

Таа соопшти дека САД ја поддржува потребата за промени меѓу 17-те земји од еврозоната за Европа да биде поконкурентна и да ги надмине проблемите што многу земји не успеаја да ги решат.

Некои лидери сега бараат начини за зголемување на растот и вработувања за со нив да се ублажат последиците од политиката на строги мерки за штедење.

Строгите мерки за штедење беа неопходни во борбата против должничката криза која доведе до можноста за укинување на еврото како заедничка валута во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија