„То Вима“: Денеска ќе се одреди судбината на договорот меѓу Грција и кредиторите

Од:

Денеска претпладне треба да се одржи средба на грчките министри за финансии и економија со делегатите на институциите која се смета како многу одлучувачки чекор кон постигнување договор.

Според „То Вима“, министрите Еуклид Цакалотос и Јоргос Статакис ќе ја преразгледаат првата серија на прашања кои мора да се затворат за една недела, за да може да се премине на следните. Главни прашања кои треба да се решат што е можно побрзо се нефункционалните кредити, рекапитализација на банките и приватизацијата.

Исходот од денешниот состанок, кој набргу треба да почне, ќе покаже дали е можно за двете страни да постигнат договор до 20 август, коментира весникот.

Покрај оваа средба, делегатите на Европската комисија, Европската централна банка, Европскиот механизам за стабилност и Меѓународниот монетарен фонд попладне ќе имаат состанок и со претставници на Владата на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за минималниот гарантиран приход.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор