Денеска се навршуваат три години од денот кога Грција му откри на светот дека дефицитот на нејзиниот буџет е 4 пати поголем од дозволеното во земјите кои го користат еврото.
Тогашниот министер за финансии на Грција, на 20-то октомври 2009-та година предупреди дека излегувањето од кризата би можело да потрае три или четири години.
Иако Грција и претходно беше во незавидна ситуација, влијанието на кризата врз невработеноста е поразувачко.
Пред три години изнесуваше 7.7%, во август достигна до 25%.
Состојбата во Грција и сега, три години подоцна и понатаму е лоша и покрај огромната помош од Европската Унија и ММФ.