Десетици илјади работници, синдикални лидери, антивоени активисти, политичари и припадници на разни етнички групи, се очекува да учествуваат во денешниот протестен марш на британската левица во Лондон против острите владини мерки за штедење и за скратување на буџетската потрошувачка.
Организаторите најавија дека повеќе од 250 автобуси се изнајмени за превоз на демонстрантите до Лондон.
Вакви протести денеска треба да се одржат и во Глазгов и Белфаст.