Грчката единица за кибер криминал ангажирана во случајот „План Б“ на Варуфакис

Од:

Грчката единица за кибер криминал почна истрага за да се утврди дали имало обид да се пробие онлајн системот кој го користи Генералниот секретаријат за јавни приходи, јави дописникот на МИА од Атина.

Главниот обвинител на Првостепениот основен суд Илиас Загораиос му нареди на шефот на одделот за кибер криминал, Манолис Сфакианакис да спроведе истрага. Барањето доаѓа како дел од прелиминарната истрага која се спроведува за да испита евентуална вмешаност на неполитички личности во таканаречениот „План Б“ изготвен од страна на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Обвинителот побарал истрага од страна на единицата затоа што сака да има две вештачења од различни тела за ова прашање, јавија грчките медиуми.

Во текот на неделата, се очекува да бидат повикани да сведочат и првите сведоци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит